Обвинителството преку жалба бара построга казна за убиството на тригодишното девојче | Правдико

Правдико

   

Обвинителството преку жалба бара построга казна за убиството на тригодишното девојче

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

javno-obvinitelstvo-skopjeОсновниот суд Скопје 1 – Скопје  во март годинава донесе Пресуда со која на Џемаил Браими и неговата невенчана сопруга Јасмина Махмуд им беше изречена казна затвор во траење од по 20 години за сторено кривично дело – убиство со умисла на малолетно лице, со соизвршителство. Во исто време, до правосилноста на пресудата, по предлог на Основното јавно обвинителство – Скопје беа продолжени мерката Притвор на Џемаил Браими и мерките за претпазливост за обвинетата Јасмина Махмуд.

Обвинитетите во март минатата година брутално, на смрт претепаа тригодишно девојче за кое тврдеа дека паднало по скали. Но, доказите во истражната постапка и Извештајот од обдукцијата потврдија дека станува збор за убиство во кое двајцата обвинети се соизвршители, односно учествувале заедно во делото и се обиделе да го прикријат.

Обвинителството незадоволно од Пресудата поднесе жалба сметајќи дека изречената казна е недоволна за вакво кривично дело дотолку повеќе што во случајот доминираат отежнителните околности, бидејќи се посегнува по живот на тригодишно девојче, како и отсуството на покајување на обвинетите во текот на процесот.

Кривично правниот настан согледан во целина со сите околности кон него, според надлежниот јавен обвинител,  заслужуваат преиспитување од страна на повисок суд.

Препорачуваме

Партнери на Правдико