Обвинителството презеде мерки за објавените снимки
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Јавното обвинителство соопшти дека по однос на објавените снимки и други материјали за кои се коментира дека наводно потекнуваат од примена на посебни истражни мерки, издадени се наредби до надлежни органи за преземање мерки и дејствија со цел да се извршат проверки за да се соберат известувања за тоа кој, кога и на кој начин ги објавил материјалите, нивното потекло, како и сите други правно релевантни податоци, пренесува Макфакс.
Покрај ова, Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека кривичните пријави поднесени од СДСМ, Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Тито Петковски и Андреј Жерновски, се земени во работа.
Притоа се повикани подносителите на кривичните пријави, дел од нив се сослушани пред јавниот обвинител и во тек е преземањето и на други дејствија со цел да се соберат известувања и релевантни докази за одлучување по кривичните пријави, се вели во соопштението.
Викендов неколку медиуми објавија нови снимки од средбата на премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Извор: еМагазин