Обвинителството се повлече, Гаврилов нема да оди во затвор
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Правдата е бавна ама не е недостижна. По три години, притисоци, финансиска полиција, кривична пријава и судски процес, во понеделникот беше потврдена неоснованоста на целиот циркус околу намерата управителот Горан Гаврилов да се смести зад решетки.
Самиот факт што државата се замеша во чисто граѓанско – правен спор меѓу две компании, облигационен однос, јасно укажуваше на намерата, да се иницира кривична одговорност таму каде што ја нема, уште повеќе бидејќи стануваше збор за блокирање на сметката на фирма должник на радиото, кој што пак е во блиски релации со владејачката партија, а нејзиниот основач е директно поврзан со провладините медиуми.
На денешното судско рочиште по сослушувањето на претставникот на “оштетената фирма”, преку која што се одвивале деловните активности како и доставеното вештачење од страна на одбраната на Гаврилов, адвокатите Мите Левков и Филип Медарски, Обинителството реши да го повлече овбиниението, затоа што очигледно е дека нема основ за продолжување на постапката.
Инаку за потсетување, на Канал 77 му се судеше по пријава на финансиската полиција, која влезе во радиото откако беше блокирана фирма должник на радиото. Финансиската полиција побара деблокада и покрај тоа што се уште му должи на радиото.
Неместо државата да ги гони фирмите кои што не плаќаат даноци, во случајов таа се меша во чист граѓанско – правен однос меѓу две компании. Но ова не е ниту чудно, ниту невообичаено, кога станува збор за Канал 77.
Во овие 25 години колку што постои радиото сите власти се обидувале да го стават под контрола, преку одлуки за одземање на лиценцата, со блокирање на сметката од страна на државни институции и општински власти, па се до физички напад врз управителот и куќен притвор врз основачот.
Денес на изненадување на сите вработени на Канал 77, Обвинителството доброволно се повлече.
Извор: Макфакс