Обвинителството се уште не почнало постапка против Верушевски за детска порнографија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Обвинителството се уште не почнало постапка против екс разузнавачот Зоран Верушевски за производство и дистрибуција на порнографски материјал, информираат од институцијата.
Не е познато дали причина за тоа е недоволната убедливост на доказите кои МВР тврди дека ги нашло во неговиот компјутер.
Скопското обвинителство засега го гони Верушевски само за пронајдените пиштоли. Но, нема објаснување за тврдењата на адвокатот дека тие биле регистрирани во полицијата, бидејќи едниот бил службен, а другиот подарок од министер.
Адвокатот на поранешниот прв човек на ДБК, вели дека Верушевски бил уапсен под сомнение за шпионажа, а со таа цел бил и налогот за претрес на неговиот компјутер. Сомневања за поседување на детска порнографија првично немало.
МВР се уште ги вештачи пронајдени порнографски материјали, но, според првичните информации, утврдено е дека малолетничките не се македонски државјанки, а видеото било направено надвор од земјава за што случајот ќе го процесуира и до Интерпол. Од полицијата додаваат дека имаат сомневања и за други тешки кривични дела, не соопштувајќи какви. Но, налозите за апсење и претрес упатуваат на тоа дека се проверуваат сомнежи за шпионажа.
Зоран Верушевски беше уапсен во петокот вечерта и од тогаш се наоѓа во 30 дневен притвор.
Извор: 24Вести