Правдико

   

Обвинителството сè уште повикува сведоци за „крвавиот четврток“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција продолжува да испитува граѓани заради прибирање на потребни известувања во постапувањето по предистражниот предмет оформен во врска со настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Од ОЈО за Макфакс велат дека тимот на јавни обвинители кој постапува по овој предмет и натаму испитува лица, а презема и други дејствија на прибавување писмени известувања и докази.

Обвинителството појаснува дека постапката по овој предмет е предистражна, што значи дека станува збор за тајна проведура, при што се прибираат докази заради оцена дали во настанот кој се истражува има дејствија и обележја на кривични дела и кои се нивните извршители, по што ќе се донесе јавнообвинителска одлука дали има основано сомневање за отворање истрага.

Обвинителството потенцира дека го разбира зголемениот медиумски интерес, но почитувајќи ги напред кажаните законски и етички норми, не може да даде податоци за повиканите лица во смисла на тоа дали истите се носители на јавни или други функции, работни места и слично.

В. М.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико