Обвинителството во Битола отвори предмет за „бомбата“ против Талески | Правдико

Правдико

   

Обвинителството во Битола отвори предмет за „бомбата“ против Талески

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавното обвинителство во Битола отвори предмет за една од „бомбите“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, која се однесува на работењето на градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

11111

 

Извори од обвинителството во Битола за новинската агенција „Мета“ потврдуваат дека предметот бил отворен веднаш по презентирањето на аудиоснимките од СДСМ, во кои се слуша разговор помеѓу министерот за финансии, Зоран Ставрески, и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. На снимката Ставрески го нарекува Талески „тежок криминалец“ кој за превоз на ученици потпишал „коруптивен до даска договор“.

На 18 март, лидерот на битолските социјалдемократи и пратеник, Васко Ковачевски, на прес-конференцијта пред вратите на Обвинителството рече дека кривичната пријава против Талески ги содржи сите наводи што стојат во објавените снимки од разговорот меѓу Ставрески и Јанкулоска.

– Предметот е отворен, Обвинителството може да постапува по пријава, но и по допрен глас. Во овој случај, пријавата против Талески беше јавно објавена од поднесителот, но Обвинителството работата ја почна по објавените аудиоснимки – велат за „Мета“ извори од обвинителството, со напомена дека ќе бидат истражени сите наводи и од кривичната пријава на СДСМ.

Пратеникот на СДСМ, Ковачевски, пред да ја поднесе кривичната пријава рече дека во аудиоснимките станува збор за договор за превоз на ученици, од јуни 2010 година, во кој договорените цени биле дури 10 пати повисоки отколку пазарните цени.

Тогаш Ковачевски уште рече дека оваа кривична пријава против Талески ќе мора да биде сериозно разгледана, поради тоа што зборовите излегуваат од устите на сопартијци на Талески од ВМРО-ДПМНЕ.

– Очекуваме обвинителството да постапи во согласност со законите – изјави Ковачевски во март.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико