Обвинителството во Прилеп спроведува истрага за кривично дело Силување на малолетничка | Правдико

Правдико

   

Обвинителството во Прилеп спроведува истрага за кривично дело Силување на малолетничка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

javno-obvinitelstvo-skopjeНадлежниот јавен обвинител при Основното јавно обвинителство – Прилеп, постапувајќи по поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи, Полициска станица – Прилеп,  на  ден 02.05.2015 година донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен жител на с. Големо Коњари, осомничен дека сторил кривично дело – Силување.

Наредбата е донесена поради основано сомнение, дека осомничениот на ден 01.05.2015 година, во попладневните часови со употреба на сила врз малолетничка ја присилил оштетената на обљуба.

Имено,  осомничениот по излетот по повод 1-ви Мај, со возило требало да ја превезе оштетената до нејзиниот дом во соседното село. Со намера да ја смени својата облека, застанал до неговата семејна куќа и ја поканил оштетената да влезе внатре. По нејзиното влегување во неговиот дом, тој со употреба на сила извршил обљуба врз неа.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднесе Предлог за определување на мерка Притвор против осомничениот, а судијата на претходна постапка го прифати предлогот од надлежниот обвинител и донесе  Решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.

Препорачуваме

Партнери на Правдико