Обвинителството во Сеул бара 30 години затвор за екс претседателката
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Обвинителството на Јужна Кореја денеска побара 30 години затвор за поранешната претседателка Парк Хеун-хје поради вмешаност во корупциски скандал.
Парк по масовните протести е смената и потоа уапсена во март минатата година под обвинение за примање мито, злоупотреба на службената положба и принуда. Парк е обвинета дека и дозволила на блиската пријателка да изнудува пари од компаниите.
Таа ги негира сите обвиненија.
Дел од овој скандал беше и синот на првиот човек на Самсунг Ли Џе-Јонг, кој поради болеста на неговиот татко неформално ја води компанијата, кој беше осуден на пет години затвор, за поткуп и други коруптивни дела.
Поранешната претседателка на Јужна Кореја и денеска не беше присутна на судската седница. Датумот за изрекувањето на пресудата доплнително ќе биде соопштен.
Ако судот потврди дека е виновна, Парк ќе биде трет осуден јужнокорејски претседател.
Другите двајца јужнокорејски претседатели се осуден за државен удар во 1979 година и за маскр над цивилите во 1980 година.
Извор: НОВАтв