Правдико

   

Обвинителството во Струмица истражува даночно затајување – предлог за притвор на 2 лица

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Blog-Billions-Undetected-Tax-FraudОсновното јавно обвинителство – Струмица по поднесената Кривична пријава од Управата за финансиска полиција – Скопје против едно правно лице и две лица од Струмица поради основано сомневање дека сториле кривично дело – Даночно затајување од чл. 279 ст.2 вв со ст.1, вв со чл. 22 вв со чл.45 од Кривичниот законик, донесе Наредба за спроведување истрага. Во исто време надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка – Притвор за двете лица.

Имено, прво осомниченото лице како сопственик и управител на кривично одговорното правно лице со намера, во име и за сметка на даночниот обврзник правното лице, согласно чл.9 од Законот за данокот на додадена вредност, чл.4 од Законот за данок од добивка и чл.14-а од Законот за персонален данок, да одбегне делумно плаќање даноци на кои е обврзано, во периодот 2010-2014 година, договорно и заеднички со второ осомниченото лице, спротивно на чл.34 од Законот за ДДВ, во книговодствената евиденција на правното лице дало лажни податоци за своите приходи при што не пресметало и не платило данок.

Во периодот од 2010 – 2014 година првоосомниченото лице на ист начин книжело фалсификувани фискални сметки и сметкопотврди изготвени од второосомниченото лице за наводно купено гориво за износ за кој во ДДВ 04 пријавата извршило неоснован поврат на средства од вкупно 14.495.137 денари. Во исто време секоја година првосомниченото лице подигнувало поголема сума на парични средства од жиро сметката на правното лице за кои нема материјални докази за која намена се користени, а во сметководството ги употребило фалсификуваните 1254 фискални сметки за што согласно чл.14 од Законот за персонален данок се смета за лично примање за кое не пресметало и не уплатило персонален данок од 11,11%. Употребувајќи ги фалсификуваните сметки и со неоснованиот поврат на ДДВ со пребивање, осомниченото лице секоја година прикажувало повисок износ на расходи со што ја намалило обврската за пресметување на данок од добивка и не пресметало и не платило даноци во износ од 32.964.622,оо денари.

Партнери на Правдико