Обвинителството во Тирана побара 152 години затвор за имамите кои регруирале борци | Правдико

Правдико

   

Обвинителството во Тирана побара 152 години затвор за имамите кои регруирале борци

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

05042016212036_imamiОбвинителството за тешки кривични дела во Тирана, денеска побара 152 години затвор за деветмината имами кои во Албанија регрутирале борци за Сирија и Ирак

Обвинителството, според тиранската телевизија „Топ чанел“, поседува доволно докази дека обвинетите, во 2013 година убедувале, регрутирале и испраќале главно помлади лица да се борат на страната на џихадистите.

Деветмината самопрогласени имами се товарат за регрутирање лица за извршување терористички акти или финансирање тероризам, обука за вршење терористички активности и поттикнување омраза.

По дваесет години затвор, Обвинителството побара за Генц Бала, Герт Паша и Бујар Хиса, за Зеќир Имери 17 години, додека за останатите петмина по 15 години затвор.

Обвинетите беа уаспени во март 2014 година се во притвор во најобезбедуваниот затвор во Тирана. Во текот на судскиот процес тие многу не зборуваа само постојано повторуваа дека не го признаваат овој туку судот на Алах.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико