Правдико

   

Обвинителството воведе дежурства за следење на изборите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За време на предвремените парламентарни избори отворени се дополнителни дежурства за обвинителите кои ќе го следат процесот, информираше денеска Основното јавно обвинителство. Привремената Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани против изборите и гласањето вели дека итно и со приоритет се постапува по индиции за извршени кривични дела, при што известувањата веднаш се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства.

„Јавното обвинителство преку формираната Комисија ја известува јавноста дека јавните обвинители во континуитет работат на терен. Целосно се посветени на борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето, преку придонес кон нивно сузбивање и превенирање. Комисијата продолжува перманентно да го следи процесот на гласање, за што воспоставени се и дополнителни дежурства во јавните обвинителства за деновите кога се врши гласањето“, соопшти Обвинителството.

ОЈО ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции, сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да достават поднесок / пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности на електронската адреса izbori@jorm.mk или до надлежните основни јавни обвинителства.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико