Обвинителството започна постапка против 19 лица за незаконски активности во АКН | Правдико

Правдико

   

Обвинителството започна постапка против 19 лица за незаконски активности во АКН

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Obvinitelstvo SkopjeВо текот на вчерашниот и денешниот ден во координирана акција на Основното јавно обвинителство – Скопје и Управата за финансиска полиција од слобода се лишени 19 лица кои денес се изведени пред судија на претходна постапка.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе:

– Предлог за определување на мерка – Притвор за две лица за кривично дело – Примање поткуп;

– Предлог за определување на мерки за претпазливост – Забрана за напуштање на престојувалиште, односно живеалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за преземање на работни активности поврзани со кривичното дело, за девет лица за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување;

– Предлог за определување на мерки за претпазливост – Забрана за напуштање на престојувалиште, односно живеалиште и привремено одземање на патна исправа за еден осомничен за кривично дело – Поткуп, за еден осомничен за Злоупотреба на службена положба и овластување и за шест лица за кривично дело – Поднесување на лажни докази.

Во исто време надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка поднесе и Барање за издавање на привремена мерка забрана за отуѓување и располагање со недвижен имот за две правни и 32 физички лица.

Акцијата е како резултат на повеќемесечната координирана активност на Основното јавно обвинителство – Скопје и Управата за финансиска полиција за откривање и утврдување на кривични дела и нивни сторители поврзани со незаконски активности во Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје.

Препорачуваме

Партнери на Правдико