Обврска на фирмите од 1-ви јануари 2015 | Правдико

Правдико

   

Обврска на фирмите од 1-ви јануари 2015

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

otpisnadolgovi1Согласно Законот за задолжница и последните измени и дополнувања од јануари 2014 години, фирмите имааат обврска да издаваат задолжница за должничко доверителски односи со кои се создават обврски во износ од 300.000 денари и повеќе.  Вкупниот неплатен износ по основ на издадени задолжници не сме да надмине 30% од вкупните приходи на должникот остварени во претходната година евидентирани во Регистарот на годишни сметки кој се води во Централниот регистар.

Задолжница не се издава, доколку вкупниот неплатен износ по основ на издадени задолжници надминува 30% од вкупните приходи на должникот остварени во претходната година, евидентирани во Регистарот на годишни сметки кој се води во Централниот регистар.

Задолжницата се издава само при должничко доверителски односи меѓу правните лица во приватниот сектор . Задолжницата  ја  составува  нотар  преку  системот  за  водење  на  Регистар  на задолжници кој го води Централниот регистар.

Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице кое нема да издаде задолжница.

Повеќе околу постапката за издавање на задолжницата можете да прочитате во следниве статии:

 Постапка за издавање задолжница

– Активирање и присилно извршување на задолжницата

– Закон за задолжница

–ПРАВДИКО–

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико