Правдико

   

Обврска на работодавачот за мерки за безбедност и здравје при работа

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

getimagethumbnailРаботодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата. Во рамките на неговите обврски, работодавачот мора да презема мерки потребни за безбедност и здравје при работа на вработените, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства, односно да воведе такви заштитни мерки и да избере такви работни и производствени методи кои ќе го подобрат нивото на безбедноста и здравјето при работа, а ќе се вклучат во сите дејности на работодавачот и на сите нивоа на организација.

Обврските и работите на безбедноста и здравјето при работа,работодавачот може да ги довери на овластени правни или физички лица, ако тој не е во можност или нема соодветни стручни вработени и техничка опременост таквите работи и обврски самостојно да ги извршува.
Ангажирањето на надлежни надворешни овластени правни или физички лица за извршување на стручните задачи во врска со безбедноста и здравјето при работа не го ослободуваат работодавачот од неговите одговорности во оваа област. Обврските на вработените на полето на безбедноста и здравјето при работа не влијаат врз начелото за одговорност на работодавачот. Работодавачот ги спроведува мерките за безбедност и здравје при работа врз основа на следниве основни начела:

– избегнување на ризици;
– проценување на ризиците кои не може да се избегнат;
– справување со ризиците на самиот почеток;
-прилагодување на работата кон поединецот особено во однос на карактеристиките на работното место и работната средина;
– изборот на личната заштитна опрема;
– изборот на хемиски супстанци или препарати;
– изборот на работни и производни методи;
– спроведување на мерките потребни за одржување и зајакнување на здравјето;
– прилагодување кон технолошкиот напредок;
– замена на опасното со безопасно или помалку опасно;
– развивање на целосна безбедносна стратегија која опфаќа, технологија,
организација на работа, работни услови,меѓучовечки односи и фактори кои влијаат врз работната средина;
– давање приоритет на колективните безбедносни мерки наспроти поединечните мерки,
– обезбедување на соодветни упатства и инструкции и известувања на вработените.

Како нова институција и многу значајна по безбедноста и здравјето при работа на вработените е и обврската на работодавачот кои мора да изготви и спроведе изјава за безбедност за секое работно место за проценка на ризик,прецизирајќи го начинот, како и мерките кои треба да се преземат.

Ако се променат условите или појави нова опасност на работно место и работната средина за која претходно е изготвена изјава, работодавачот мора да направи нова изјава за безбедност. Изјавата за безбедност се заснова врз идентификација на опасноста и проценка на ризиците по безбедноста и здравјето на работното место и во работната средина на која се однесува изјавата за заштита.

Начинот на изготвување на изјава за безбедност, нејзината содржина како и податоците врз кои треба да се заснова проценката на ризикот, се пропишани со Правилникот за начинот на изготвување на изјавата за безбедност, нејзинатасодржина како и податоците врз кои треба да се заснова проценката на ризикот, Сл.весник на РМ бр. 5/09. Рабодотавачот ја организира безбедноста и здравјето при работа во зависност од технолошкиот процес, со примена на научно-стручни методи и во согласност со современите достигнувања, при што стручните работи на безбедност ќе ги врши работник со стручна подготовка за безбедност при работа или друга стручна подготовка адекватна на технолошкиот процес на работодавачот, или ќе користи надворешни услуги од овластени правни или физички лица. Работодавачот мора да обезбеди мерки за безбедност и здравје при работа особено со:

– назначување на едно или повеќе стручни лица за безбедност;
– ангажирање на овластена здравствена установа за вршење стручни задачи за здравје при работа;
– донесување на безбедносни мерки против пожар во согласност со посебни прописи;
– донесување мерки за прва помош и евакуација во случај на опасност;
– обука на вработените за безбедно извршување на работата врз основа на сопствена програма;
– обезбедување опрема за лична заштита за вработените и нејзината употреба, доколку преземените безбедносни мерки во работната средина не се доволни;
– вршење повремени прегледи и испитување на работната средина и опрема; и
– следење на здравствената состојба на вработните.

Извор: Меѓународна Организација на Трудот Австриската Агенција за Развој

Партнери на Правдико