Обврската на лекарите за укажување на здравствена заштита | Правдико

Правдико

   

Обврската на лекарите за укажување на здравствена заштита

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

brza-pomos-sk-300Во Законот за здравствена заштита се содржани обврските на здравствената установа која „во рамките на нејзината дејност е должна да укажува здравствена заштита на лице кое ќе побара здравствена заштита; да обезбеди континуирана медицинска помош во текот на 24 часа и да има лекови и санитетски материјални средства за укажување на итна медицинска помош; ако укажала итна медицинска помош, должна е на осигуреникот кој има потреба да се упати во друга здравствена установа да му организира соодветен превоз и медицинско згрижување до приемот во здравствената установа во која се упатува“ .

Овие обврски се неделиви од обврската на здравствениот работник да укажува здравствена заштита во рамките на здравствената установа во која работи.

Доколку корисникот побара болничка здравствена заштита, болницата „е должна да го прими корисникот на болничко лекување или да му обезбеди прием во друга установа, освен ако случајот не е итен или кога приемот по оцена на овластениот лекар не е потребен“ . Доколку болницата одбие да го прими лицето на болничко лекување, должна е да му даде писмено образложение за причините поради кои не е примен на болничко лекување .Во Законот за здравствена заштита е содржана одредба за обврската на здравствените работници да се грижат за корисниците на кои им се укажува здравствена заштита, да го почитуваат нивното достоинството, да се придржуваат кон медицинската етика и да ја чуваат професионалната тајна.

Специфичните обврски/должности на здравствените работници се уредени и со Законот за заштита на правата на пациентите. „Со овој закон се уредуваат заштитата на правата на пациентите во користењето на здравствената заштита, должностите на здравствените установи и здравствените работници и соработници, општините и фондот за здравствено осигурување во унапредувањето и заштитата на правата на пациентите, постапката за заштита на правата на пациентите, како и надзорот над спроведувањето на Законот“ .

Во согласност со Законот за заштита на правата на пациентите, во однос на укажувањето здравствена заштита, здравствените работници ги имаат следниве должности: при преземањето на медицинските интервенции да се грижат за реализацијата на правата на пациентот пропишани со овој закон; да ја вршат совесно својата должност во согласност со правилата на медицинската етика, со единствена цел за заштита и унапредување на здравјето на пациентот; да дадат второ стручно мислење ; и да воспостават хумани (човечки) релации со пациентот, засновани врз етички и деонтолошки принципи

Во согласност со Законот за ментално здравје , „здравствената установа е должна на лицата со ментална болест кои се сместени во неа да им обезбеди услови за остварување на правата уредени во овој закон“ .

Со Законот за ментално здравје е уредена обврската на здравствената установа, а со тоа индиректно и на здравствениот работник, да дава лекарска помош и здравствена заштита на лицата со ментална болест. „Здравствената установа е должна, по приемот и распоредувањето на лицето со ментална болест, да определи стручен тим за третман и рехабилитација на лицето со ментална болест.

Стручниот тим  е должен да подготви поединечна програма за третман и рехабилитација во писмена форма за лицето со ментална болест. Програмата за третман  има цел да се подобри здравствениот статус на лицето со ментална болест најмалку до мера лицето да се оспособи за нега и третман во заедницата. Ако лицето претходно било сместено во здравствена установа, претходното сместување не смее да претставува основа за донесување одлука за повторно сместување на лицето во здравствена установа.

Во програмата задолжително треба да се предвидат контролни прегледи најмалку на период од еден месец заради утврдување на состојбата со ментално здравје на лицето“

Извор: http://www.healthrights.mk Права и обврски на здравствените работници

Поврзани статии:

– Ги знаете ли доволно вашите права и обврски како пациент?

– Видови надзор при санитарна и здраствена инспекција

Препорачуваме

Партнери на Правдико