Обврски на земјите членки на Шенгенскиот договор | Правдико

Правдико

   

Обврски на земјите членки на Шенгенскиот договор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

david-sapsted-09-d1-2015-calls-for-schengen-changes-as-european-migration-crisis-mounts-_5196_t12Слободното движење на луѓето претставува основно право кое што Европската Унија им го гарантира на своите граѓани. Ова право го овластува секој граѓанин да патува, работи и живее во која било земја членка на ЕУ без некои посебни формалности. Шенгенскиот договор ја надополнува оваа слобода со овозможување граѓаните да ги преминуваат внатрешните граници без да бидат предмет на гранична контрола.

Шенген зоната гарантира слободно движење на повеќе од 400 милиони граѓани на Европската Унија, но исто така и на многу други лица кои не доаѓаат од земјите членки на ЕУ, бизнисмени, туристи и друга лица легално влезени на територијата на Европската Унија.

Ако постои сериозна закана за јавната сигурност или внатрешната безбедност, една Шенген држава може, во исклучителни случаеви повторно да воведе  гранична контрола на внатрешните граници  и тоа во ограничен период од не повеќе од триесет дена. Ако се враќаат такви контроли, и кон другите земји од Шенген, Европскиот парламент и Комисијата треба да бидат информирани, како и пошироката јавност

Одредбите на Шенгенскиот договор ги укинуваат проверките во внатрешните граници на Унијата, а ги заоструваат контролите на надворешните граници, во согласност со сет на правила. Овие правила покриваат неколку области:

– заеднички збир на правила кои што се применуваат за оние лица кои што ги преминуваат надворешните граници на Европската Унија, вклучувајќи типови на виза кои што се потребни и како треба да се одвиваат контролите на надворешните граници;

-усогласување на условите за влез и визните правила за краток престој (до 3 месеци);

-подобрување на полициската соработка;

-зголемување на соработката во областа на судството;

-воведување и развој на Шенгенскиот информациски систем (SIS);

-документи потребни за патување во Европа.

Приклучувањето кон Шенген зоната не е само политичка одлука. Земјите мора претходно да исполнуваат одредени услови, како на пример да бидат подготвени и да имаат капацитет да:

-преземаат одговорност за контролата на надворешните граници во име на другите земји кои се дел од Шенген зоната, како и за издавање на униформирани Шенген визи;

-соработуваат со извршните органи на други Шенген земји со цел одружување висок степен на безбедност поради фактот што граничните контроли меѓу Шенген земјите се укинати;

-го применат сетот на Шенген правила (т.н. “Schengen acquis”), како што се правилата поврзани со контролата на земјишните, водените и воздушните граници, издавањето на визи, полициска соработка и заштита на лични податоци;

– се приклучат и да го користат Шенген,киот информациски систем.

Автор: Павлинче Маркоска

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико