Обжалена пресудата за намалената казна на возачот кој ја прегази Фросина | Правдико

Правдико

   

Обжалена пресудата за намалената казна на возачот кој ја прегази Фросина

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопското обвинителство ја обжали пресудата на Апелацискиот суд кој му ја намали казната на возачот кој во 2015 година ја прегази студентката Фросина Цековска на Партизанска, кај Универзална сала.

„Жалбата до Врховниот суд е поднесена по две основи – поради суштествена повреда на одредбите на Законот за кривична постапка, како и поради одлуката за изречената кривична санкција од Законот за кривична постапка“, велат од Обвинителството.

Со поднесената жалба, Основното јавно обвинителство Скопје му предлага на Врховниот суд да ја преиспита донесената пресуда на Апелацискиот суд со која затворската казна на 29-годишниот скопјанец Љубиша Видојковиќ, му беше намалена од четири на три години.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико