Очниот лекар Дејан Ставриќ осуден на една година затвор | Правдико

Правдико

   

Очниот лекар Дејан Ставриќ осуден на една година затвор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во скратена псотапка и на само едно судско рочиште тој е прогласен за виновен за примање мито од 2.000 евра 

5711ADB3BAA5FE45B3275963A124FF6D
Една година затвор, ослободување од притвор до правосилноста на пресудата – гласи пресудата на Основниот суд Скопје 1 против очниот лекар Дејан Ставриќ, кого Судот го осуди во експресна постапка и само едно рочиште пишува Утрински.

Кривичниот суд успеа за само неколку часа да го сослуша обвинетиот и сведокот, да ги разгледа доказите, да ги слушне завршните зборови на обвинетиот и обвинителството и истовремено да ја донесе пресудата. За експресната реакција на судот оправдувањето се бара во примената на новиот Закон за кривична постапка.

Докторот за очни болести Дејан Ставриќ, кој пред неколку недели беше уапсен поради примање мито со одбележани пари, денеска на првото рочиште од судењето по скратена постапка, се изјасни дека е невин. Наспроти ова, сведокот -пациент, остана на своето тврдење дека му било побарано мито за одобрување инвалидска пензија.

За време на денешното сведочење, оштетениот Владо Кузмановски изјави дека се сомнева оти воопшто доктор Ставриќ му го оперирал окото. Тој го обвини докторот дека подоцна му барал пари, за да ургира да добие инвалидска пензија. По операцијата, доктор Ставриќ му кажал дека му е многу оштетено окото и нема да гледа 90 проценти.

„По ова ми беше побарано 2.000 евра, по 500 евра за тројцата членови од Комисијата и 500 евра за самиот Ставриќ“, вели Кузмановски.

Оштетениот изјави дека Ставриќ не знаел дека бил член во Комисијата, ниту пак дека Кузмановски поднел барање за инвалидска пензија. Сепак, Кузмановски добил решение за пензија по апсењето на Ставриќ. 

Лидерот на штрајкувачите, Дејан Ставриќ, беше уaпсен на 6 мај за дело корупција. По апсењето, Хелсиншкиот комитет го обвини МВР дека на незаконски начин објави лични податоци на еден пациент, а во спротивност на Уставот, иако на индиректен начин се посочени лични податоци на уапсениот. Со тоа на суптилен, но провиден начин грубо е повредена пресумпцијата на невиност на осомничениот доктор Ставриќ, објави Хелсиншки. 

Ставриќ беше уапсен откако побара и доби две илјади евра од пациент на кој му ветил дека ќе му обезбеди инвалидска пензија. Како што информираше МВР, пациентот се сретнал со офталмологот, кој извршил медицински преглед и дијагностицирал болест на очите. Ставриќ му објаснил дека со таква дијагноза повеќе не ќе можел да работи и оти за 2.000 евра надомест може да посредува да добие инвалидска пензија. Пациентот веднаш ја контактирал полицијата, од каде што добил обележани пари и инструкции како и каде да ја закаже средбата. Ставриќ беше уапсен во близина на Транспортниот центар и при претресот беа најдени обележаните пари. 

Ставриќ беше претседател на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар и   еден од носителите на незадоволството против плаќањето според сработеното. Протестите тогаш траеја повеќе од три месеци, а на крајот Синдикатот на Клинички не потпиша договор со Министерството. Пред три месеци Дејан Ставриќ го напушти јавното здравство и се вработи во приватна очна болница.

Апсењето на Ставриќ, кој беше синдикален лидер и водач на штрајкот на лекарите, предизвика политички реакции и препукувања меѓу власта и опозицијата. (Г.Д.)

Извор: Утрински весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико