Правдико

   

Од 1 декември адвокатите ќе можат по електронски пат да поднесуваат барања за издавање на изводи

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија, г-дин Љубомир Михајловски и директорот на  Управата за водење за матичните книги, г-дин Бујар Дардхишта вчера, 6.11.2018 година, потпишаа анекс на Меморандумот за соработка помеѓу Управата за водење на матичните книги и Адвокатската комора во Република Македонија.

Целта  на соработката е наместо досегашното чекање на шалтери на адвокатите да им се овозможи  да се регистрираат на веб страницата на Управата за водење на матичните книги uvmk.gov.mk, по електронски пат да поднесуваат барање за издавање на извод од МКР, МКВ и МКУ на обичен и двојазичен образец и изводите да ги добијат во соодветна електронска форма.

Образецот за регистрација на адвокатите ќе биде достапен веб страницата на Управата од 1.12.2018 година.

Партнери на Правдико