Од 1 до 31 октомври втор рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк | Правдико

Правдико

   

Од 1 до 31 октомври втор рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за образование и наука информира дека од утре повторно може да се пријавува на јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Вториот рок трае до 31 октомври и однесува на сите новозапишани студенти, но и на оние што ги исполнуваат условите, но не успеале да се пријават и да го остварат ова право во првиот рок.

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување само два документа – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

Во рамките на првиот рок пристигнаа вкупно 21.693 пријави, а правото на субвенциониран студентски оброк го остварија вкупно 18.149 студенти. Дополнително, во фаза на разгледување се сите пристигнати приговори, а подносителите за конечната одлука ќе бидат известени во текот на следната работна недела.

Студентите добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

МОН обезбедува поддршка при пријавувањето за субвенциониран студентски оброк преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на вработените во овој сектор се наведени на следниот линк.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико