Од 1 ноември сите уписи во трговскиот регистар ќе бидат по електронски пат | Правдико

Правдико

   

Од 1 ноември сите уписи во трговскиот регистар ќе бидат по електронски пат

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

centralen-registarЦентралниот регистар известува дека со примена на измените на Законот за Едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица (Сл. весник на РМ бр. 97/2015 од 12.6.2015 година) и на Законот за трговските друштва (Сл. весник на РМ бр. 88/2015 од 28.5.2015 година), од 1.11.2015 година, покрај пријавите за упис на основање во Трговскиот регистар, исклучиво по електронски пат ќе се поднесуваат и пријавите за упис на промени и на бришење, преку регистрациони агенти – адвокати.

Согласно споменатите законски измени, престанува да се применува поднесувањето на пријави за упис во хартиена форма во канцелариите на Централниот регистар. Наместо тоа, уписите во трговскиот регистар за сите видови трговски друштва задолжително ќе се одвиваат единствено преку Системот за е-регистрација.

Листа на овластени регистрациони агенти за упис на основање и за упис на промени и бришења ќе биде објавена на веб-локацијата на Централниот регистар,www.crm.com.mk.

Препорачуваме

Партнери на Правдико