Правдико

   

Од 12 октомври влез во Србија, Косово, Црна Гора и БиХ без ПЦР-тест

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Mакедонските државјани од понеделник, 12 октомври, ќе може да влезат во Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина без негативен ПЦР-тест. Исто така, и државјаните на овие четири земји ќе може да влезат во земјава без тест.

Премиерот Зоран Заев соопшти дека Владата ја прифатила препораката од Комисијата за заразни болести и е донесена одлука да се овозможи непречен влез на странските државјани од овие четири земји.

„Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји без обврска да приложат негативен тест“, соопшти Заев.

Тој вели дека оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје.

„Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од Ковид-19“, наведе Заев.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико