Од август 800 денари субвенција за енергетска сиромаштија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Од август годинава на 800 денари ќе се зголеми месечната субвенција за енергетска сиромаштија за примателите на социјална помош. Субвенцијата во овој износ ќе се исплаќа во период од една година, по што ќе се зголеми дополнително на 900 денари во 2016 и на 1.000 во 2017 година. Ова го соопшти министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
„Субвенцијата за потрошена енергија се исплаќа за околу 10.000 семејства кои се приматели на социјална помош и се наоѓаат во најтешка материјална состојба. Во 2012 година таа се зголеми од 600 на 700 денари, а дополнително годинава со сметките што ќе бидат платени во јули, секој примател на социјална помош ќе добие субвенција од 800 денари месечно“, рече министерот Спасов. За оваа намена во буџетот за годинава се издвоени 81 милиони денари. (Ек.Р.)
Извор: Утрински весник