Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа | Правдико

Правдико

   

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот како што беше досега, и да трае до 4 часот наутро.

По претходно донесената одлука на Владата од 27 април, исклучок од забраната за движење ќе има утре, односно од 12 кон 13 мај, кога поради верскиот празник Рамазан Бајрам нема да има полициски час.

Владата на 69-та редовна седница, донесе одлука, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од…

Posted by Влада на Република Северна Македонија on Tuesday, May 11, 2021

Од Владата посочија и дека угостителските објекти од утре (12 мај) ќе смеат да работат до 23 часот и 30 минути, но само во отворениот дел од објектите.

Истовремено, одлучено е дека може да се организираат настани, согласно протоколите, но само со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Со одлуката се зголемува и бројот на децата кои се згрижуваат во градинките, односно, наместо 15 деца, сега ќе може да се згрижуваат по 20 деца во една група.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните пак, од утре ќе може да отпочнат со работа во нивните објекти.

Ваквите мерки, како што посочуваат од владината прес-служба, ќе важат до 18 мај.

Mинистерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата.

На инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава лежат 701 коивид-пациент и има околу 1.000 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико