Од денес влез во Црна Гора без ПЦР-тест | Правдико

Правдико

   

Од денес влез во Црна Гора без ПЦР-тест

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за здравство на Црна Гора одлучи да дозволи влез во Црна Гора од денес без задолжително тестирање на коронавирус, изјави министерката Јелена Боровиниќ-Бојовиќ.

Боровиниќ-Бојовиќ на прес-конференцијата рече дека епидемиолошката состојба во Црна Гора е подобра денес и дека во овој момент 57,3 отсто од болничкиот капацитет е исполнет со ковид-пациенти, а дека тој процент порано бил 67 отсто.

„Не можам да го објавам точниот датум на пристигнување на вакцините затоа што секој ден водиме преговори. Очекуваме подетални информации од 10 до 15 дена. На крајот на јануари мислам дека вакцините треба да пристигнат во Црна Гора”, рече таа.

Боровиниќ-Боровиќ истакна дека сакаат прво вакцини со европски сертификат и дека преговараат со „Фајзер“ и со „Астра зенека“

Препорачуваме

Партнери на Правдико