Од денеска делумна забрана за движење во шумите | Правдико

Правдико

   

Од денеска делумна забрана за движење во шумите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавното претпријатие „Национални шуми“, со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор како резултат на зголемените температури, воведе делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува, на целата територија на Република Северна Македонија, по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Делумната забрана за движење во шума, посочуваат од претпријатието, важи во период од 6 до 20 часот и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмена дозвола издадена од подружниците на ЈП за подрачјето со кое стопанисуваат.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико