Од денеска електронско работење на нотарите и Катастарот на недвижности | Правдико

Правдико

   

Од денеска електронско работење на нотарите и Катастарот на недвижности

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
Нотарите и Катастарот на недвижности во Скопје од денеска почнуваат со електронско работење. Нотарите барањата до Катастарот ќе ги доставуваат по електронски пат со електронски потписи и времен жиг.
drzaven sluzbenik2– Сите нотари сите свои документи што ги работат со сите договори, хипотеки итн. по електронски пат ќе бидат должни да ги доставуваат до Агенцијата за катастар на недвижности, рече на прес-конференција директорот на Агенцијата, Славче Трпески.
Документите ќе бидат лесно проверливи, ќе се зголеми одговорноста на нотарите, а со тоа и нивната сигурност.
Од Нотарската комора тврдат секое постапување ќе биде лесно проверливо, а одговорноста за правната сигурност ќе биде на нотарите.
Во Скопје има 64 нотари и сите се подготвени за електронско работење. За 90 дена се очекува да се вклучат сите нотари во земјава.
Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико