Правдико

   

Од денеска плаќање на долговите за вода и смет без камата

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Граѓаните на Скопје од денеска ќе можат да ги платат заостанатите сметки за вода и смет без камата. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ги известуваат корисниците кои имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во предвиден рок, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година.

Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико