Правдико

   

Од денеска престанува да важи одлуката за забрана и посебен режим на движење – задолжително носење заштитна опрема, миење на раце и одржување на потребната дистанца

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија.

Оваа одлука е донесена врз база на детална анализа за досегашниот три месечен период откако е дијагностициран првиот случај со коронавирус во земјава. Заклучокот е дека соодветно се почитуваат препораките и алгоритмите на Комисијата за заразни болести, пришто превземените мерки дадоа одредени резултати.

Еден од факторите за намалувањето на рестриктивните мерки е намалениот мобирдитет, морталитет, леталитет кој ги следи европските и светските трендови. Во однос на регистрираните случаи со КОВИД-19, тие се контролираат и во постојана комуникација со медицинскиот тим. Во овој момент, 50 посто од капацитетите се исполнети во болничките установи. Има доволен број на легла, заштитна опрема, како и респираторни машини.

Но, граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од овој вирус, покрај олабавувањето на рестриктивните мерки.

Потребно е задолжително носење на заштитна опрема, често миење и дезинфицирање на раце, како и одржување на потребната физичка дистанца од 1.5 до 2 метра. Само преку почитување на овие мерки, ние може да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските. Од сите нас зависи успешното справување со коронавирусот.

Партнери на Правдико