Од денеска увид во Избирачкиот список за референдумот | Правдико

Правдико

   

Од денеска увид во Избирачкиот список за референдумот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од денеска почнува проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот на 30 септември. Увидот ќе трае до 23 август 2018 година до 24:00 часот.

ДИК ги повика граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во него.

Проверката на податоците може да го направат преку веб-страницата на ДИК https://izbirackispisok.gov.mk/ и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Од денот на започнувањето на увидот до неговото завршување државјаните на РМ кои се на привремена работа или престој во странство, можат да достават пријава, своерачно потпишана до ДКП или испратена по електронски пат преку веб апликација на ДИК. Инаку, дијаспората за референдумското прашање ќе се изјасни на 29 септември.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико