Од деветти август граѓаните ќе може да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список | Правдико

Правдико

   

Од деветти август граѓаните ќе може да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По одржувањето на првата седница на новиот состав, Државната изборна комисија преку соопштение упати повик до граѓаните дека во пресрет на претстојниот референдум јавниот увид на податоци на Избирачкиот список ќе започне следната недела, односно на 9 август и ќе трае до 23 август.

Преку веб-страницата на ДИК, како и во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата, граѓаните можат да извршат увид во своите податоци, а доколку е потребно да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во истиот.

Во Избирачкиот список се опфатени сите граѓани кои заклучно со 30 септември годинава станале полнолетни, и ќе имаат право на глас.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико