Од февруари фирмите пред да одат на суд ќе треба да го решаваат спорот со медијатор | Правдико

Правдико

   

Од февруари фирмите пред да одат на суд ќе треба да го решаваат спорот со медијатор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

медијација,испит,прашањаСогласно последни законски измени во Законот за парнична постапка од 23.07.2015 кои започнуваат со примена од февруари 2016 година, фирмите ќе имаат обврска пред поднесување на тужба на суд за стопански спор, да се обратат кај медијатор кој ќе се обиде да го реши спорот на мирен начин и со помалку трошоци.

Според измените во стопанските спорови за парично побарување чија што вредност не надминува 1.000.000 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни, пред поднесувањето на тужбата  да се обидат спорот да го решат по пат на медијација. Ова не важи за постапките по платен налог пред нотарите.

При поднесување на тужбата тужителот е должен да приложи писмен доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеал. Тужбата кон која нема да биде приложен доказот од медијаторот дека предметот не може да се реши пo пат на медијација судот ќе ја отфрли.

Исто така во  постапката  во  стопанските  спорови  судија  поединец  суди  ако  вредноста  на предметот на спорот не го надминува износот од 3.000.000 денари, а во споровите за плаќање камата без оглед на вредноста на предметот на спорот.

Постапките пред судовите за кои тужбата е поднесена пред денот на отпочнување на примената на овој закон, ќе се спроведат според  прописите кои важеле пред денот на отпочнување на примената на овој закон.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико