Од Косово екстрадиран уште еден од обвинетите за настаните во Диво Насеље | Правдико

Правдико

   

Од Косово екстрадиран уште еден од обвинетите за настаните во Диво Насеље

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

divo-naseljeВо средата од Косово во земјава бил екстрадиран Сулејман Османи, познат како командант Сула, кој е еден од обвинетите за настаните во Диво Насеље во Куманово од 9 и од 10 мај минатата година, потврдиле од Министерството за внатрешни работи, пренесуваат медиумите.

Педесет и петгодишниот Османи, жител на селото Брест, беше уапсен веднаш по настаните во Диво Насеље, но под сомнителни околности, со лисици на рацете, успеа да побегне додека на полициските службеници им го покажувал местото каде било сокриено оружјето украдено при нападот на караулата Гошинце.

Лани во јули тој беше уапсен од косовската полиција во селото Летниче кај Витина, откако македонските власти распишаа меѓународна потерница по него.

Во настаните во Куманово животите ги загубија осум припадници на специјалните полициски единици, а 37 беа ранети, додека во борбите со полицијата беа убиени 10 членови на вооружената група.

Судскиот процес против 29 обвинети во случајот „Диво Насеље“ почна на почетокот на февруари оваа година. На почетокот на овој месец, целиот процес почна одново откако обвинителството со овој случај го спои и предметот „Молња“, во кој осум лица се обвинети дека обезбедувале логистичка поддршка за кумановската група.

Извор: МЕТА.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико