Од Нова година на полноќ стапува забраната за емитување на македонска и Екс-Ју музика | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Од Нова година на полноќ стапува забраната за емитување на македонска и Екс-Ју музика

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

AD09756Од Нова година на полноќ, на македонските електронски медиуми ќе стапи забраната за пуштање на македонска, српска и хрватска музика. Здружението за заштита на авторски и музички права (ЗАМП) до електронските медиуми веќе испрати известување дека доколку вечерва по полноќ продолжат да пуштаат македонска и музика од Балканот, кривично ќе одговараат објави Вест.мк.

– Испратено е отворено писмо потпишано од претседателот на Собранието на ЗАМП. Забраната која беше најавувана изминатиот период е ставена во сила од вечерва на полноќ. Доколку бидат повлечени штетните одредби од Законот подготвени сме да ја укинеме забраната, а воедно и да продолжиме да ги штитиме правата на своите 5.766 штитеници, како и правата на авторските друштва од регионот СОКОЈ и ХДС ЗАМП и на 98 земји од светот со повеќе од пет милиони автори – велат од ЗАМП.

И покрај многуте состаноци што министерката Елизабета Канческа-Милевска ги имаше со авторите и нивните претставници, сепак, во текот на вчерашниот ден оттаму немаше никаков одговор и решение.

– Сега-засега нема ништо. Доколку има нешто ќе испратиме соопштение – ни рекоа вчера од Министерството за култура.

Министерката неколку пати јавно повтори дека измените на Законот се направени за добро на авторите и во насока на нивно почитување. Проблемот настана при крајот на август годинава, кога Владата по скратена постапка го измени и дополни членот 137 од Законот за авторско право и сродни права, во корист на електронските медиуми. На ова не се согласија авторите кои веќе неколку месеци се убедуваат со предлагачот Министерство за култура да се врати законот по старо. По неколку неуспешни состаноци, ЗАМП, сепак, реши да ја спроведе забраната.

Поддршка на ЗАМП му дадоа и Здруженијата за заштита на авторски права од Србија и од Хрватска, што значи дека покрај македонска музика од вечерва на полноќ повеќе нема да се слуша ниту српска ниту хрватска музика.

Спорно во Законот е што досега електронските медиуми на име авторски права уплаќаа процент од приходот, согласно форматите добиени од Агенција за аудио и визуелни услуги. По измените од август износот е ограничен во плати и тоа 18 просечни плати на државно ниво, 12 просечни плати на регионално и на локално шест плати. На пример, Македонската радио телевизија која има шест канали со измените треба да плаќа 360.000 денари, а досега износот се движел меѓу пет и девет милиони денари. Тоа за авторите е поразително и нема да попуштат во своите барања.

Со овие измени се прекршуваат и меѓународните правила за авторски права. За ваквиот преседан е информирана светската организација ЦИСАК и европската ГЕСАК.

Извор: Вест.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико