Од овој затвор досега никој не побегнал, и нема да побегне | Правдико

Правдико

   

Од овој затвор досега никој не побегнал, и нема да побегне

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За разлика од останатите затвори, овде нема бучава, нема гужва и затворениците не одат по ходници. Овде 23 часа на ден затворениците живеат во соба со мало прозорче и воопшто не ги гледаат карпестите планини. Овој затвор не е направен за рехабилитација на затворениците, туку исклучиво за издржување на казната.

Florence_ADMAX-620x350

Околу затворот ADX Florens сместен во држават Колорадо, во радиус од стотина километри нема ниедно населено место. Тука казните ги издржуваат најопасните криминалци во Америка, и од него досега никој не побегнал.

Популарно наречен „Алкатраз на карпестите планини,“ ADX Florens е место каде што повеќето затвореници го завршуваат својот живот зад решетки, и се верува дека е најсигурниот затвор на светот.

Внатрешноста и околината на ADX одсекогаш биле чувани како тајна. Во послетните десетина години ниеден медиум, освен кратки посети на неколку новинари во 2007-ма година, не имал пристап до затворот. Од сите амерички затвори, во него затворениците се најмногу контролирани и пратени.

Zatvorenik-lisici-1

Затворениците своите денови ги поминуваат во самица со површина од три на два метри, со дебели бетонски ѕидови и дупли метални врати. Во ќелијата постои еден прозор со висиона од еден метар и само осум сантиметри ширина, низ кој затворениците можат да видат делче од небото и ништо повеќе. Во ќелијата има комбинирана шолја со мијалник и автоматизиран туш, додека пак затворениците спијат на кревети од бетон.

Самата површина на затворот се протега на 35 хектари заграден со висока ограда од бодликава жица. Секое движење се детектира со помош на ласер, во земјата се поставени платформи кои доколку човек застане на нив, го фрлаат во висина. Тука се и специјалните кучиња кои се дресирани за напад на човек.

Zatvorske-rešetke

Партнери на Правдико