Од полноќ стапува во сила забраната за емитување на македонска музика | Правдико

Правдико

   

Од полноќ стапува во сила забраната за емитување на македонска музика

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

screenshot_1На 17.09.2016 год., на вонредна седница на автори членови на ЗАМП, се донесе одлука со мнозинство гласови од присутните ( согласно член 16 став 4 и 5 од Статутот на ЗАМП ), да се забрани емитување на авторските музички дела по пат на ради0дифузно емитување од репертоарот на ЗАМП, и тоа на сите штитеници на ЗАМП чии права колективно ги управува согласно ЗАПСП и Решението за давање на дозвола на Миннстерството за култура број 54-54-5451/1 од 03.04.2011 год., (Сл. весник на РМ бр. 65/11) од 10.05.2011 год.

На седницата авторите го задолжија Собранието на ЗАМП да донесе одлука со која ќе ја спроведе одлуката на седницата на автори за отповикување на издадените дозволи на Трговско радиодифузните друштва за јавно емитување на авторски музички дела по пат на Радиодифузно емитување, како и да се изрече забрана за емитување на авторските музички дела по пат на радиодифузно емитување.

Донесувањето на ваквата одлука произлегува како резултат на севкупната состојба од непочитување на ЗАПСП од страна на надлежните државни органи, особено Министерството за култура, Владата на РМ, како и Комисијата за посредување во областа на авторските права и сродните права и тоа како што следи:

Втор пат за шест месеци се носи одлука за забрана за емитување на авторски музички дела, поради фактот што надлежните државни органи посегнаа по загарантираните уставни права на авторите во РМ, преку носење закони во итни постапки без претходни јавни расправи и дебати и со непочитување на Уставот на РМ и меѓународните конвенции кои ги регулираат авторските права.

Авторите втор пат реагираат заради сериозното обезвреднување на нивниот авторски труд што се гледа во непочитување на авторските права загарантирани со Уставот и меѓународните конвенции, посебно во непочитување на важечкиот ЗАПСП кој каков и да е и во каква и да е постапка донесен, и е во сила.

Со многубројните измени на ЗАПСП, ЗАМП беше принуден три пати да носи Предлог правилник со тарифа за користење на авторски музички дела, во утврдена законска постапка по што е Предлог правилникот со тарифа е доставуван до Владата на РМ. Последен пат согласно ЗИД ЗАПСП, (Сл. весник на РМ бр. 154/15 и 27/16) ваквиот предлог е доставен и примен од надлежните органи на 30.04.2016 год. Вообичаено, како и во претходните постапки по предлог правилниците и по подолг временски периОд, Владата на РМ, не се произнесе со мислење.

Авторите сметаат дека надлежните органи не постапуваат и не го применуваат член 149 од ЗАПСП, на начин што Министерството за култура согласно законските надлежности, а по претходно прибавено мислење на Комисијата за посредување во рок од 30 дена со решение ќе определи која организација се смета за овластена за прибирање на надоместоците за користење на авторски дела, односно предмети на сродни права и нивна распределба.

Авторите членови на ЗАМП сметаат дека со непостапувањето на Министерството за култура, по барањата за вршење на надзор над актите и работењето на Организацијата СОКОМ – МАП, најдиректно изврши повреда на надлежностите кои ги има, и овозможува беззаконие во авторско правната зашита.

На горенаведените начини со злоупотреба на службената положба и овластување кои ги имаат согласно ЗАПСП, надлежните државни органи односно овластените и одговорни лица во нив, со намера да во интерес на трети лица постигнат имотна или друга корист, односно да им причинат штета на авторите во РМ, и на колективното управување во целост сметаме дека сторија и повреди на Одредбите од КЗ и тоа од член 353 од КЗ – злоупотреба на службена положба и овластување како и член 353 – в од КЗ – несовесно работење во службата за што се донесе одлука и за поднесување на соодветни кривични пријави.

Имено, во изминатиот период под превезот на заштита на авторските права, Министерството за култура издаде дозвола и на СОКОМ – МАП за ист вид права кои ги управува ЗАМП, иако оправданост за постоење на тоа по ниту еден од критериумите Од ЗАПСП не постоеше.

На Министерството за Култура му е познато дека СОКОМ – МАП, не располага со ниту еден од законските предуслови за издавање дозвола за колективно управување, а посебно што ова здружение нема обезбедено ниту просторни, ниту кадровски предуслови,како ни технички предуслови за да може да му биде издадена дозволата.

Дека е непродуктивно постоењето на СОКОМ – МАП, е укажано од повеќе колективни организации од Балканот и тоа: SOKOJ, HDS ZАМР, RICOM publishing , овластен застапник на Universal music – ICMP  и особено Меѓународната конфедерација на автори и композитори со седиште во Париз – CISAC. ЗАМП и сите овие колективни организации упатија сериозни забелешки и загриженост од одлуките на Mинистерството за култура за давање дозвола на СОКОМ – МАП, со укажувања дека не постои ниту една оправдана причина за т.н двошалтерски систем на колективно управување и побараа ургентно враќање на едношалтерскиот систем one stop shop.

Сосема јасно е дека СОКОМ – МАП, нема можност да ја извршува оваа комплексна дејност на услуга на авторите и воопшто на јавноста, која бара особено искуство и треба да биде извршувана само од репрезентативни, искусни и профсионални организации за колективно застапување, со релевантни меѓународни Односи, кои се во состојба да ги исполнат и највисоките стандарди на најпрофесионални практики. Како што CISAC има истакнато во својот допис од 22.08.2016 год., упатен до Владата на РМ, тие се убедени нема простор за повеќе од едно здружение кое би ги застапувало авторите во земјава. Напротив СБАС побара ЗАМП да добие зголемена поддршка од Владата вклучувајќи посилни мерки против кршењето на авторските права како и нивно соодветно спроведување во полза на македонските автори.

И покрај сите Обраќања на меѓународните организации, како и органите и телата на ЗАМП, ниту еден надлежен државен орган не покажа спремност ниту да одговори или да ги сослуша ваквите барања.

Ова укажува дека постои јасна намера, да се оштетат сите автори во Македонија со обезвреднување на нивниот труд, преку непроизнесување со позитивно мислење по предлог правилникот со тарифа, со давање дозвола за колективно управување на СОКОМ – МАП, со непочитување на донесениот ЗАПСП.

Затоа авторите се принудени да донесат ваква мерка – забрана за емитување на авторски музички дела, и да ги заштитат своите уставно загарантирани права за сопствените дела.

Собранието на ЗАМП ја задолжи стручната служба на ЗАМП Забраната и Одлуката за забрана за емитување на авторски музички дела од репертоарот на ЗАМП по пат на радиодифузна емитување да се достави до сите радиодиФузни организации во РМ, надлежните државни институции како и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Оваа Одлука ќе се применува од 20.09.2016 година па во иднина се до нејзиното отповикување.

Извор:zamp.com.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико