Од понеделник ЕУ и воведува санкции на Русија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Европската унија ќе почне со санкциии кон Русија од понеделник, 17 март , поради воената интервенција во украинската република Крим , соопшти ” Ројтерс ” .
Малку потоа претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо најави дека ЕУ ќе предложи едностраните трговски повластувања на Украина во износ од 500 милиони евра секоја година.
Карел Де Гухт , еврокомесар за прашањата на трговијата , додаде дека EVROPJANIдоговорот за асоцијација на Украина кон ЕУ , може да биде потпишан до ноември оваа година . Во Киев новите лидери објаснуваат дека бараат начин на крајот на март да се потпише политичкиот дел од асоцијацијата , а трговската размена да остане за дообјаснување во следните неколку месеци .
Според Де Гихт одлуката на Европската комисија за еднострани параметри за отстранување на увозните давачки за земјоделски и некои други украински стоки и текстилни производи , влегува во сила веднаш и ќе трае до 1 ноември , кога се очекува потпишувањето на целокупната трговска асоцијација на Украина . Од вкупно 487 милиони евра годишно , на аграрните производи и обработената храна ќе отпаѓаат 330 милиони евра .
“Што се однесува до санкциите против Русија , одлуката фактички веќе е донесена , особено во постапката за нивното воведување . Последицата од тоа ќе биде стартот на санкции од понеделник” , рече Туск на прес-конференција.