Од стан украдени 9.000 евра
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вчера, околу 17.00 часот, во ПС ОН Охрид, Г.М. (31) од Охрид пријавил дека во периодот од 19.00 часот на 01.05.2017 година до 15.00 часот на 02.05.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот дом.
Сторителот влегол внатре и одзел поголема количина златен накит и околу 9. 000 евра. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс