Од ставот на ЕМА ќе зависи ревакцинацијата на Македонците кои се вакцинираа со „астразенека“ во Србија | Правдико

Правдико

   

Од ставот на ЕМА ќе зависи ревакцинацијата на Македонците кои се вакцинираа со „астразенека“ во Србија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европската медицинска агенција (ЕМА) закажала состанок на бордот меѓу шести и деветти април на кој се очекува да се донесе став по различните препораки за вакцинирањето со вакцината на „Астразенека“.

Поради згрутчување на крвта кај лица помлади од 60 години, министерот за здравство Венко Филипче го стопираше вакцинирањето со „астразенека“ на лица помлади од 60 години кај нас. Вакцината се дава на повозрасните оти нема пријавени негативни ефект кај лица над 60 години. Од ставот на ЕМА ќе зависи и ревакцинацијата на Македонците кои се вакцинираа во Србија.

„ЕМА закажа состанок на бордот во периодот меѓу шести деветти април. Тогаш ги чекаме препораките за вакцинирање со вакцината на ’Астразенека’. Ако ставот е да се продолжи вакцинирањето, сите кои се вакцинираа во Србија ревакцина ќе може да добијат тука. Ќе ги чекаме и препораките дали по првата вакцина може да се ревакцинираат со некоја друга вакцина и ќе се раководиме по тие препораки“, рече министерот Филипче.

Тој, од српските здравствени власти, сèуште го чека списокот на вакцинирани Македонци во Србија. Според досегашните претпоставки, вакцини во Србија примиле околу 10.000 Македонци. Голем дел од нив ја примиле вакцината на „Астразенека“, која по масовното викенд вакцинирање, беше забранета кај нас за лица помлади од 60 години.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико