Правдико

   

Од страна на “алфите“ лоциран и приведен осуденик за кривично дело “убиство“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

alfi 22.04.2015Во вторникот  околу 16,20 часот на ул.„Лазо Трповски“ од страна на припадници на Единицата за прв одговор – “алфа“ лишен од слобода е Суат Ј.(43) од Скопје, кој се барал по наредба од КПУ „Идризово“ од 12.08.2013 година поради бегство од затворот, каде издржувал казна затвор во траење од 15 години за сторени кривични дела „убиство“, „убиство во обид“ и „тешка кражба“.

Имено на 13.08.2006 година околу 17,45 часот на раскрсницата на ул.„Пролетерска“ со ул.„Лепеначка“ Суат Ј. заедно со Нехат.С.(33) кои биле во возило „Застава 101“ од автоматско оружје испукале повеќе куршуми кон возило „Форд Ескорд“ при што биле лишени од живот Бранко И.(50) и Љупчо А.(48), а со тешки телесни повреди се здобиле С.И. (51) и С.А(41).

Суат Ј. беше приведен  во ПС Бит Пазар, а од страна на полициски службеници од Единицата Алфа истиот е спроведен во КПУ Затвор „Идризово“ за доиздржување на затворската казна.

Партнери на Правдико