Правдико

   

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема во возилата

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од 15 ноември до 15 март треба задолжително да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31 од 2010 година).

Согласно Правилникот, како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. сеподразбира:

– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 x 4) се подразбира:

– зимски пневматици на сите четири тркала,со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:

– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

-пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

-автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата,во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Придржувањето кон законската обврска за поседување на зимска опрема овозможува непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Партнери на Правдико