Од утре на полноќ ќе биде затворен Меѓународниот Аеродром Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Согласно Одлуката на Владата за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, ТАВ Македонија сака да ги информира сите патници и јавноста дека Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затворен утре, 18-ти март, од полноќ, за патнички летови, сè до следното известување.
„Како аеродромски оператор ги информиравме сите авиокомпании и засегнати страни за оваа одлука, додека М-НАВ ја објави истата во НОТАМ – авијациски документ кој ги информира сите авиопревозници за важни и итни пораки. Во престојниот период, на Меѓународниот Аеродром Скопје нема да има патнички летови, освен државни, воени, хуманитарни, медицински, санитарни и карго летови. До затворањето, авиосообраќајот ќе се одвива според распоредот на летови кој патниците можат да го проверат на нашата веб-страница, но со оглед на тоа што ситуацијата со Коронавирусот се менува многу брзо. Ве замолуваме да ги следите последните објави за вашите летови на веб-страниците на авиокомпаниите и да ги контактирате нивните оддели за клиенти“ велат од компанијата.
За сите евентуални натамошни промени во работењето на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, кој беше затворен во неделата, на 15-ти март 2020, исто така врз основа на Одлука на Владата, патниците и јавноста ќе бидат известени, согласно информациите и одлуките на Владата.
Извор: Макфакс