Од утре се укинува бесплатниот превоз за пензионери, ученици и студенти | Правдико

Правдико

   

Од утре се укинува бесплатниот превоз за пензионери, ученици и студенти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ЈСП информира дека од утре, четврток, 12 март, нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз. Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, сè до наредните препораки.

Времено, нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 години и мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на жичницата на Водно.

„Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот“, соопштија од ЈСП.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико