Од утре се укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште | Правдико

Правдико

   

Од утре се укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на барање на ЈП „Национални шуми“ ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште, која беше донесена на 16 април.

Со промената на временските услови и пролетното развивање на вегетацијата, се намали опасноста од појава на пожари на отворено и поради новосоздадените услови Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барање на ЈП „Национални шуми“ , ја укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште. Решението за укинување на забраната за движење во шума и шумско земјиште стапува на сила од утре 24.04.2020 (петок) година.

ЈП „Национални шуми“ ќе продолжат и понатаму да ја следат состојбата со нашите шуми и движењето на граѓаните (рекреативците и сите оние кои извршуваат шумско културни активности). Доколку се процени дека повторно се создале услови за ризик од шумски пожари, забраната повторно ќе се воведе.

Од министерството ги потсетуваат граѓаните дека согласно член 46 од Законот за земјоделско земјиште и член 23 од Законот за ловство, забрането е палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште, како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор.

Апелираат сите да се однесуваат одговорно додека се движат низ шума, да се грижат за природата, да не фрлаат догорчиња и запалливи материи со што ќе придонесат за зачувување на животната средина.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико