Правдико

   

Од утре се воведува забрана за движење во шума и на шумско земјиште

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП „Национални шуми“, воведува забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 6 до 20 часот. Забраната почнува да важи од 17 април (петок) година и ќе трае сè до нејзино отповикување.

Оваа забрана не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и за субјектите што вршат шумско-културни активности на површините со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, како и за лицата што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“.

За непочитување на оваа забрана на физички лица затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, во согласност со член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Од Министерството ги известуваат сите граѓани дека се забранува палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор.

За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице во согласност со член 79 од Законот за ловството.

Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП „Национални шуми“, кои вршат дејност заштита, Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико