Одбиена е жалбата на францускиот државјанин кој во Индонезија е осуден на смрт поради дрога | Правдико

Правдико

   

Одбиена е жалбата на францускиот државјанин кој во Индонезија е осуден на смрт поради дрога

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

serge-atlaoui-2Судот во Џакарта вчера ја отфрли жалбата на француски државјани, Серж Атлауја, кој беше осуден на смрт за производство на екстази.

“Жалбата се отфрла”, рече Претседателот на судот Ујанг Абдула, додавајќи дека случајот нема да биде повторно разгледан . Оваа судска одлука беше очекувана, бидејќи скоро сите поранешни жалби на странски државјани осудени за трговија со дрога во Индонезија се отфрлени.

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус во април му пиша на својот индонезиски колега и изрази жалење за неуспехот на индонезиски правен систем.

Алтауи требаше да биде погубен на 29 април, со осум други затвореници осудени на смрт, меѓу кои двајца Австралијци, еден бразилски и еден Индонезиски граѓанин, но неговото име во последен момент беше отстрането од листата.

Изречената смртна казна предизвика силна осуда од меѓународната заедница.

Атлауи (51) е во затвор во Индонезија веќе десет години. Според обвинението, тој во нелегални лаборатории произведувал екстази.

Препорачуваме

Партнери на Правдико