Одбиена жалбата против одлуката за мерките за претпазливост во случајот „Тендери“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 информираше дека ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство против решението на судија на претходна постапка за мерките за претпазливост против две лица.
– Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) изјавена против решение на судија на претходна постапка во предметот на СЈО познат како „Тендери“, донесе решение со кое жалбата на обвинителството се одбива, а се потврдува решението на судија на претходна постапка – се вели во соопштението.
Според решението на судијата, беше одбиено барањето за одземање пасоши на пасоши министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и на уште еден осомничен во случајот „Тендери“, како и определување обврска осомничените еднаш неделно да се јавуваат кај службеник во судот
Тогаш, судот соопшти дека барањето на СЈО е одбиено како неосновано.
Извор: Нова Македонија