Одбиени барањата за изземање на Судечкиот совет и на Џолев за „Тенк“ | Правдико

Правдико

   

Одбиени барањата за изземање на Судечкиот совет и на Џолев за „Тенк“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелацискиот суд денеска го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за случајот „Тенк“, за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Тој, пак, го одби барањето за изземање на Судечкиот совет од Основен суд Скопје 1 за истиот предмет.

Одбраната побара да и биде даден рок за жалба, но Судечкиот совет одби, бидејќи во решенијата тоа не било предвидено.

Адвокатите повторно побараа изземање на Судечкиот совет обвинувајќи го за пристрасност. СЈО, пак, предложи доколку сите бранители се согласни дека треба да има изземање, тоа да биде направено веднаш и да не се одолговлекува.

Адвокатите на обвинетите во предметот „Тенк“ на Специјалнотo јавно обвинителство претпладнево побараа изземање на Судечкиот совет и на судиите од Апелација поради интервјуто на Катица Јанева дадено на 26 март, во кое таа тврди дека меѓу прислушуваните телефонски разговори има разговори и меѓу судии кои постапуваат по предмети на СЈО.

Во случајот „Тенк„ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, тројцата обвинети за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600.000 евра.

Извор:Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико