Одбиено барањето на СЈО, Вангеловски ќе одлучува за притворот на Кочан | Правдико

Правдико

   

Одбиено барањето на СЈО, Вангеловски ќе одлучува за притворот на Кочан

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Највисокиот суд во државата го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, заради учество во една од “бомбите“ на опозицијата. Вангеловски останува во Кривичниот совет што ќе одлучува по притворот на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан во случајот „Труст“.

На денешната Општа седница,врховните судии го одбиа и приговорот на експретседатеката Лидија Неделкова,која по барање на Вангеловски беше тргната од истиот предмет во одлучувањето на Кривичниот совет и заменета со друг судија,иако со електронската распределба и падна овој предмет.

Неделкова,како што се тврди во медиумите,била тргната од Кривичниот совет,затоа што се изјаснила дека надлежност за случајот на Кочан има само СЈО, а не и Јавното обвинителство на Република Македонија претставено од Марко Зврлевски, кој што на 27 март поднесе Барање за заштита на законитоста до Врховниот суд и побара да се поништи одлуката на Основниот суд Скопје 1 кој му одреди 30-дневен притвор на Кочан, кој е во бегство повеќе од еден месец.

Вангеловски,пак,во дописот што им го достави на судиите еден ден пред одлучувањето,наведе дека со поднесувањето на барањето на СЈО за притворот на Кочан,се доведува во прашање Законот за кривична постапка.Тој потсети дека доколку законодавецот планирал да им го овозможи тој правен лек на обвинителите,ќ го предвидел во Законот за СЈО.Според него,репувчилоти јавно обвинитлество е державен органи и според ЗКП,единствено тој е надлежен да поднесува вакви барања до Врховниот суд.

Во моментов,во тек е одлучувањето и по 17-те приговори поднесени од судии од Кривичниот суд,кои се незадоволни од последниот годишен распоред на судии изготвен од в.д претседателот Стојанче Рибарев.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико