Одбил да плати и физички го нападнал службеникот на паркингот во „Мавровка“ | Правдико

Правдико

   

Одбил да плати и физички го нападнал службеникот на паркингот во „Мавровка“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесет и седумгодишен маж вработен на паркингот кај Трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје бил физички нападнат од страна на маж (Ф.А.) кој одбил да го плати паркингот.

„Б.Р. (27) од Скопје пријавил дека на 6.5.2018 околу 23:00 часот на паркинг-простор кај Трговскиот центар ‘Мавровка’ на булевар Гоце Делчев бил физички нападнат од лицето Ф.А., кој бил со возило. Тој го удирал со тупаници во пределот на лицето и со метален предмет во задниот дел од главата, при што му нанел повреди. Причина за физичкиот напад било тоа што пријавителот, кој бил вработен на паркингот, му рекол дека треба да плати. Тогаш Ф.А. излегол од возилото и го нападнал“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико